Ибраими пред Шкендија: Нека биде фер и коректно и нека победи подобриот

Најдобриот стрелец во моментов во Првата лига и сегашен член на Струга, Бесарт Ибраими, ги искажа своите очекувања пред утрешното дерби против неговиот поранешен клуб Шкендија.

Ибраими потенцира дека ќе биде тежок натпревар, на двете најдобри екипи во моментов, и порача натпреварот да биде фер и коректен.

„Тежок натпревар каде што ќе играат двете најдобри екипи во моментов, првата и втората екипа на првенствената табела. Важно е натпреварот да биде првично фер и коректен, да биде пример за добро и на крај нека победи подобриот“, рече Ибраими.

Се вчитува...