Ибракадабра – магија за 500. гол во кариерата (видео)

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш го потврди епитетот на „фудбалски волшебник“, постигнувајќи неверојатен погодок за ЛА галакси против екипата на Торонто.

Ретко кој напаѓач би успеал воопшто да стигне до топката, но Ибракадабра во голем стил ја смести зад грбот на голманот. За впечатокот да е комплетен, овој неверојатен погодок е негов јубилеен – гол број 500 во кариерата, дефинитивно еден од најубавите.

Се вчитува...