Идиот на годината: Со дете во рака тргна да се тепа со фудбалерите на Лион

Нервозни се фановите на Евертон поради очајната форма на нивните миленици, но тоа не е никакво оправдување за примитивното однесување на овој навивач, кој во едната рака го држеше својот син, а со другата замавна да го удри голманот на Лион на вечерашниот меч на „Гудисон парк“.

Дефанзивецот Ешли Вилијамс почна инцидент во кој се вклучија фудбалерите на двете екипи, но гостите беа шокирани откако еден навивач на Евертон, згора на тоа со дете во раце се обиде да се пресмета со голманот Лопез.

Се вчитува...