Иднината на Столе Димитриевски е во „Примера“

Столе Димитриевски имаше одлични настапи на голот на Гимнастик во втората шпанска лига, што го направија македонскиот голман интересна опција за неколку шпански прволигаши. Преговорите се во тек, Малага и Леганес повеќе не се опција, а во преден план сега е исфрлен Бетис, тим што играше одлично во минатата сезона.

Едно е сигурно – иднината на Димитриевски е во „Примера“, а и челниците на Гимнастик се свесни за тоа и веќе доведоа замена. Исак Бесера бранеше на поголемиот дел од контролните натпревари, тој е најавен и за првото коло од новата сезона претстојниот викенд, додека се очекува да се интензивираат преговорите за Димитриевски.

„Заинтересирани клубови има неколку и сите најавија конкретни понуди за овој период. Гимнастик е подготвен да го продаде, во Примера има клубови што можат да ја платат сумата што се бара за Димитриевски, останува да се види дали тоа ќе биде Бетис или некоја друга екипа“ – пишуваат шпанските медиуми.

Се вчитува...