Игало околу останувањето во Јунајтед: Зарем сега да мислам за тоа

Нигерискиот напаѓач Одион Игало вели дека не размислува околу тоа дали и следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед, бидејќи во овој момент тоа би било себично.

„Да се говори за такви работи сега би било ужасно себично. Дури и не размислувам за тоа. Се наоѓаме во период во кој главна работа не е фудбалот, туку предизвикот со кој се соочува цел свет. Навистина не можете да го ставате фудбалот пред здравјето. Во овој момент најважно е да се чуваме и да се молиме за тие што се борат со вирусот“, изјави Игало. 

Искусниот напаѓач стигна на „Олд Трафорд“ последниот ден од јануарскиот преоден рок на позајмица од кинескиот Шангај Шенхуа.

Се вчитува...