Игало останува во Манчестер Јунајтед

Нигерискиот фудбалер денеска го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до јануари 2021 година. Неговата позајмица истекува во текот на денешниот ден, но бидејќи од клубот се задоволни од неговиот учинок по доаѓањето од Шангај, а поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот, „црвените-ѓаволи“ одлучија позајмицата со одличниот фудбалер да ја продолжат до јануари следната година.

Тимот од „Олд Трафорд“ информацијата ја потврди на својата официјална веб-страница. Игало за „црвените-ѓаволи“ запиша четири настапи, пред сезоната да биде прекината поради пандемијата од Covid-19.

 

Се вчитува...