Манчестер Јунајтед успешно ги финишира преговорите со Шангај Шенхуа околу продолжување на позајмицата на Одион Игало, откако нигерискиот напаѓач ги задоволи вкусовите на Оле Гунар Солскјер со настапите во дресот на „црвените ѓаволи“. Позајмицата на Игало истекува денеска, но со оглед на фактот дека сезоната во Премиер-лигата ќе трае уште два месеци, управата на Јунајтед успеа да издејствува Нигериецот да го продолжи престојот на „Олд Трафорд“.
Според најновите разговори на клубовите, кинескиот суперлигаш ќе даде зелено светло за Игало да остане во Манчестер до крајот на 2020 година.
„Многу сме блиску до договор со Манчестер Јунајтед за продолжување на позајмицата, со што Игало ќе остане до крајот на годинава во Манчестер“, изјави агентот на нигерискиот голгетер, Ата Анеке.
Нигериецот досега одигра 319 минути во дресот на Јунајтед, притоа постигнувајќи четири гола и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА