Игнашевич и Русија со неславен рекорд за автоголови на СП

Шпанија прва поведе на осминафиналниот дуел против Русија,и тоа со автогол откако Игнашевич во обид да го загради Серхио Рамос ја смести топката во сопствената мрежа.

Со тоа рускиот ветеран испиша историја, станувајќи највозрасен фудбалер што постигнал автогол на еден мундијалски меч (38 години, 352 дена). Воедно, Русија стана првата репрезентација што има два автогола на еден мундијал во последните 52 години.

Претходно, такво нешто му се случило единствено на националниот тим на Бугарија на СП 1966.

Резултатот на полувреме гласи 1-1 откако Русија израмни со пеналот на Ѕјуба, откако Пике играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Се вчитува...