Игор Стојчевски суди во Ерменија, Влатко Илиоски во Литванија

Нема одмор за македонските претставници во европските купови на стартот на новата сезона. Успешно завршената работа во првото коло придонесе повторно да судат и да го контролираат судењето. Игор Стојчевски ќе патува за Ерменија каде во Ереван ќе го суди натпреварот во Конференциската лига меѓу Пјуник и унгарскиот Дебрецин. Ќе му помагаат Филип Ицковски и Дарко Јовчевски. Четврти судија ќе биде Бенјамин Ќерими.

Влатко Илиоски во близина, во Литванија е одреден од судиската комисиоја на УЕФА за главен судија на мечот меѓу Жалгирис и Динамо Тбилиси од Грузија. Негови помошници се Куштрим Лика и Даниел Василевски, четврти судија е Александар Василевски. Мечот се игра во Виљнус.

Ќе патуваат и нашите тројца контролори. Александар Ставрев ќе го контролира судењето во Данска меѓу екипите Нордејсленд и ГАИС од Шведска. Дејан Јакимовски отпатува за Молдавија и ќе биде задолжен за судењето на средбата меѓу клубовите Петрокуб и Борац од Бања Лука што се игра во Кишињев.

Во овој дел на Европа ќе биде и контролорот од Македонија Димитар Мечкаровски. Во Казахстан ќе го контролира судењето меѓу клубовите Тобол и Паневезис од Литванија, реванш меч од второто коло на Конференциската лига.

Се вчитува...