Игор Тудор ќе му биде нов тренер на Елмас во Аталанта?

Игор Тудор би можел да седне на клупата на Аталанта од која е дел нашиот Елиф Елмас. Според италијанските медиуми, Маурицио Сари е пред заминување, а хрватскиот тренер е еден од главните кандидати за негов наследник.

Италијанскиот новинар Микеле Де Блазис тврди дека клубот од Бергамо веќе презел конкретни чекори и дека се одржани два состанока со Тудор.

Според истиот извор, Тудор во моментов е единствениот тренер што Аталанта го издвоила како кандидат за преземање на тимот. Доколку дојде до договор, тоа ќе биде петтиот клуб во италијанската Серија А што ќе го води хрватскиот стручњак. Досега, тој работеше во Удинезе, Верона, Лацио и Јувентус.

По вчерашниот пораз на Аталанта од Парма (0-3), италијанските медиуми се погласно пишуваат за можното разрешување на Сари.

Се вчитува...