Ливерпул уште еднаш ја потврди огромната доминантна позиција во Премиерлигата сезонава, триумфирајќи и во големата дерби пресметка од 23. коло против Манчестер јунајтед со 2-0.
Сосема заслужена победа на „црвените“ кои му се реваншираа на лутиот ривал за единственото досега реми сезонава во лигата на „Олд Трафорд“. Сега со цел плен.
Победа за Ливерпул беше обезбедена во првото полувреме со голот на Ван Дијк уште во 14. минута.
Домашните комплетно доминираа во првите 45 минути на „Енфилд“, а потоа рутински во второто полувреме го одржуваа водството кое на 2-0 го заокружи Салах во 93. минута.
За конечна победа и сега 16 бода предност во однос на второпласираниот Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА