Игра во Белгија, го бараат „топчиите“, а тој „скромен“: Не сакам во Арсенал, само во Јунајтед, Сити, Ливерпул…

Фудбалерот на Гент, Гифт Орбан со одличните партии оваа сезона го сврте вниманието на големите клубови. Нигериецот сезонава во Белгија има импресивни 19 гола од 19 натпревари, и веќе е на „мета“ на неколку англиски премиерлигаши.

Арсенал во моментов е најконкретен за неговиот ангажман, но Орбан е толку „скромен“ што вели дека не би сакал да игра во Арсенал, туку сака во „поголем клуб“, и покрај тоа што „топчиите“ се далеку поголем тим од неговиот сегашен Гент.

Изјавата која ја даде наиде на изненадување кај многумина, па дури и кај менаџерите, кои се обидуваат да го премислат да не ја испушта оваа шанса.

„Не сакам во Арсенал. Премиерлигата е мојот сон. Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул… Но, Арсенал не г осакам толку. Тоа е затоа што тие не освојуваат титули. Сакам да одам некаде каде што ќе добивам признанија“, изјави Орбан.

Се вчитува...