ИГРАЧ НА МЕЧОТ: Дејан Манасков – светла точка во поразот

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Македонија не беше на потребното ниво во нападот во првото полувреме, кога единствена светла точка ни беше Дејан Манасков.

Точно е, промашуваше, но и тоа се случуваше најмногу поради пасивноста на играчите кои се ротираа на лев бек (Филип Лазаров, Талески и Кузмановски), кои во првите 30 минути не упатија ниту еден единствен шут од својата позиција, туркајќи ја топката кон крилото. Манасков тргнуваше на гол и кога немаше најдобар агол, некогаш погодуваше, некогаш не, но суштински важно е што ја преземаше одговорноста во периодите кога поголемиот дел од соиграчите бегаа од таа обврска.

Знае и Манасков дека може и тој многу подобро, како и поголемиот дел од репрезентативците, па очекуваме Македонија да одигра поквалитетно на следните две средби, против Шпанија и пред се против Исланд, мечот што ќе биде решавачки за пласман во втората рунда.

Се вчитува...