ИГРАЧ НА МЕЧОТ: Кирил Лазаров – „безвременска машина“!

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Без апсолутно никакво размислување избор на ЕКИПА за играч на мечот во триумфот (28-23) против Бахреин на Мундијалот 2019 – капитенот Кирил Лазаров.

На секој натпревар постојано го докажува својот безвременски квалитет и тоа како значаен за играта на националниот тим. Македонија без него и со него никогаш не била иста на терен. Тоа го потврди и со денешната реализација на осум гола од десет обиди, но пред се начин на кој внесува во помладите енергија и мотив за одбрана на црвено-жолтите бои.

Лазаров, денеска, и согласно размислувањето на ИХФ прогласен за играч на натпреварот. Па, доби спортска опрема како награда на располагање која ќе може да ја подари на младите категории на спортскиот колектив кој самиот ќе го одбере.

Се вчитува...