Парагваецот Мигел Алмирон испиша историја на начин на кој ќе сака да го заборави што е можно поскоро, откако стана првиот играч на Светско првенство кој беше исклучен затоа што си ја покриваше устата додека разговараше со противнички играч.
Инцидентот се случи кон крајот на првото полувреме од натпреварот од Групата Д помеѓу Парагвај и Турција. По прекршок врз соиграчот на Алмирон, Исидро Пита, избувна тепачка и жестока расправија меѓу играчите.
Алмирон си ја покри устата со раката додека разговараше со турскиот репрезентативец Мерт Мулдур, што се смета за нелегално однесување според новите правила на ФИФА.
Главниот судија на натпреварот, салвадорецот Иван Бартон, на почетокот не го забележа инцидентот, но по интервенцијата на ВАР, ја разгледа ситуацијата и му покажа директен црвен картон на играчот на Атланта Јунајтед.
Новото правило беше воведено непосредно пред почетокот на Светското првенство, по инцидентот во нокаут фазата од Лигата на шампионите кога фудбалерот Џанлука Престијани наводно, додека ја покривал устата, расистички го навредил Винисиус Жуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
