Играчите и тренерите на Македонија ЃП нападнати по мечот во Струга

По завршување на натпреварот во Струга, помеѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП, дел од играчите и на стручниот штаб биле нападнати од страна на раководството на домашниот тим.

Како што велат од таборот на Македонија ЃП, најпрво биле вербално нападнати од странa на Бесар Исаку, член на раководството на домашните, кој потоа се обидело и физички да се пресмета со дел од нив. Од таборот на ѓорчепетровци напоменуваат дека само навремената реакција на полицијата спречила поголем инцидент.

Фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Македонија ЃП на крајот биле спроведени во својата соблекувална на стадионот во Струга.

Дуелот заврши без голови 0-0, исто како што заврши и мечот пред неколку недели. И овојпат херој беше голманот Стевковски кој ја сочува одново мрежата на ова тешко гостување.

Се вчитува...