Играчите на Интер добија ултиматум од навивачите

Навивачите на Интер може да бидат незадоволни во последниот период со оглед дека нивниот тим бележи лоши резултати. Поразот дома од Фиорентина ја прели чашата, па така тифозите на „нероазурите“ веќе им поставиле ултиматум на играчите и на стручниот штаб.

Во објава на социјалните мрежи, навивачите на групата „Курва Норд“ поставија неколку цели, кои мора играчите да ги исполнат до крајот на сезоната.

Тие бараат екипата задолжително да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, потоа пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите и освојување на Купот на Италија.

„Ќе бараме одговорност од сите, и ќе се однесуваме кон нив онака како што заслужуваат. Бараме да се почитува нашиот дрес и нашата историја. Тие што не даваат се од себе, не даваат ништо“, стои во објавата.

Се вчитува...