Играчите на Јунајтед единствени: „Не го сакаме во соблекувалната…!“

Мејсон Гринвуд е ослободен од обвинението за обид за силување и напад на девојка, па сега е слободен да се врати на фудбалот. Но, 21-годишниот напаѓач не е добредојден во соблекувалната на Манчестер јунајтед. Остатокот од екипата, како што тврдат англиските медиуми, не го сакаат назад во тимот како не би го расипал заедништвото кое сега го имаат.

„Играчите сметаат дека неговото враќање би можело да ги вознемири. Соблекувалната во моментов е најсреќна и не сака никој да го размрда тој брод“ – пренесуваат Англичаните.

Наводно, и самиот Гринвуд е подготвен да си замине од клубот откако видел дека воопшто нема поддршка. Разочаран е затоа што и клубот никогаш не застана зад него, па подготвен е повеќе никогаш да не стапне на „Олд Трафорд“.

„Вели дека со поголемо задоволство би играл во Кина, воопшто не му е важно името на клубот ако е добро платен и игра редовно. Секако дека не е нималку среќен, и не сака да остане во Јунајтед“ – вели, од друга страна, извор близок до Гринвуд.

Иако, е пресреќен што болната фаза од неговиот живот е завршена а докажано е дека беше неоправдано обвинет.

„Чувствувам олеснување кога се е готово. Сакам да се заблагодарам само на моето семејство и сите кои ме сакаат а кои веруваа во мене и ми дадоа поддршка. И повеќе не сакам ништо да коментирам за тој случај“ – истакна Гринвуд по добивањето на ослободителната пресуда.

Се вчитува...