Играчите на Ливерпул добиваат психолошка помош: Да прифатиме дека титулата е надвор од наша контрола

Клупскиот психолот на Ливерпул подготви и клубот го дистрибуирал до играчите прирачникот за справување со анксиозноста поради големата неизвесност околу освојувањето на титулата во Премиер-лигата. Поради пандемијата на коронавирусот, Ливерпул кој е на чекор до трофејот кој го чека цели 30 години се наоѓа во ситацијата да му пропадне една од најдобрите сезони во историјата ако првенството не биде комплетирано.

Презентацијата од психологот ги насочува играчите да сфатат дека одлуката околу продолжувањето на сезоната и потврдата на титулата се надвор од нивна контрола, оти мора да остана смирени. Прирачникот нуди и насоки за дишење во моменти на анксиозни напади како и совети за заштита од коронавирусот, но и идеи што да се прави за да не биде здодевно во долгиот и обврзен престој во домовите.

Ливерпул чека одлука од Премиер-лигата околу продолжувањето на сезоната кое според најновите информации е поместено за јуни, а се предвидува одигрување на преостанатите натпревари во забрзан ритам. Инаку, најголемиот дел од премиерлигашките клубови се согласни дека и да има комплетен прекин на сезоната, Ливерпул треба да ја добие шампионската титула.

 

Се вчитува...