Пред неколку месеци изненадувачки стигна вест дека 24-годишниот фудбалер на Брајтон, Енок Мвепу мора да се откаже од играњето на фудбалот поради срцеви проблеми. Откако му се слошило за време на репрезентативен собир со Замбија, откриено е дека играчот има срцева мана, па заминувањето во пензија беше логична одлука.
Сепак, за да не биде надвор од фудбалот се погрижи неговиот матичен клуб Брајтон. Клубот објави дека Мвапу ќе продолжи да работи во клубот, и тоа како тренер на една од младите селекции во тимот.
„Среќни сме што Енок одлучи да остане тука и своето искуство да го искористи на развој на младите играчи на нашиот тим. А, со оглед на неговите години, неговото искуство е богато, затоа што играше и во англиското првенство и во Лигата на шампионите, а беше и капитен на својата репрезентација. Ова е ново поглавје во кариерата на Енок“, напиша Брајтон.
Welcome back, @EnockMwepu45! 😁🤝
— Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) December 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА