Играше со Леброн, но за него Џордан е „најголем“ на сите времиња!

Во сенка на Леброн Џејмс, Двејн Вејд никогаш не го доби вниманието кое го заслужи. Петиот пик на драфтот од 2003 година освои два шампионски прстена со „Кралот“, но неговата ера во дресот на Мајами ја закити со освојување на лигата уште во 2006 година.

На подкастот, ‘I am athlete’, Вејд говореше и за вечното прашање, кое веројатно никогаш нема да го добие конечен одговор, кој е најголемиот на сите времиња. За соиграчот на Леброн, со кој помина пет сезони во ист тим, најголемиот на сите времиња е Мајкл Џордан.

„Леброн е еден од моите блиски пријатели, навистина го почитувам тоа што тој го прави, тоа што го направи во минатото и допрва ќе го прави. Тој ќе биде најголем за многу генерации, но за мене тој примат го има само Мајкл Џордан“ – изјави Двејн Вејд.

Вејд веднаш го објасни неговиот избор…

„Леброн на крајот на кариерата ќе биде најдобриот поентер во НБА, ќе заврши и во топ 5 меѓу асистентите, веќе освои четири шампионски прстени, а веројатно ќе стигне и до петиот, и шестиот… Сигурено дека разговорот за него како најдобар на сите времиња ќе биде неизбежен, но јас сум дете од ерата на Џордан. Пристрасен сум. За мене Џордан засекогаш ќе биде најголемиот во историјата. Почнав да играм кошарка поради него. Секој од нас има право на свое мислење“ – додаде легендата на Мајами.

Се вчитува...