Игуаин ги спакува куферите, следна дестинација – Аргентина или САД

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин ќе го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната. Раководството на „старата дама“ веќе бара замена за напаѓачката позиција, во преговори е со Аркадиуш Милик од Наполи, а Игуаин пред себе има две опции. Првата е да се врати во родната Аргентина и да заигра за Ривер Плата, а втората да замине во САД и да го облече дресот на ДЦ Јунајтед каде настапува и неговиот брат.

По заминувањето на Златан Ибрахимовиќ и на Вејн Руни, на МЛС – лигата во САД и е потребна нова голема ѕвезда, а Игуаин би бил одлично решение. Сепак, Аргентинецот ќе мора да се откаже од дел од платата која ја има во Јувентус и изнесува 7 милиони евра по сезона.

Се вчитува...