Игуаин го спаси Милан од пораз на Сардинија

Милан е предалеку од посакуваната форма, па „росонерите“ вечерва едвај стигнаа до бод на гостувањето на Сардинија против Калјари. Гонзало Игуаин беше стрелец на израмнувачкиот гол за тимот на Џенаро Гатузо, кој повторно како и во текот на ланската сезоа игра во тсилот топло-ладно, не успевајќи да го наметне сопствениот ритам.

Калјари го отвори мечот во раната фаза од натпреварот со голот на Жоао Педро, кој во голем стил го означи камбекот на терените по шестмесечната забрана поради поради позитивниот допинг тест во март. Домашниот тим при овој резултат го погоди и дирекот од голот на Донарума.

Милан доминираше во вториот дел, успеа и да израмни преку Игуаин по една грешка на дефанзивците на Калјари, а најубавата шанса за втор гол ја пропушти Суси, чиј одличен удар домашниот голман со крајни напори го исфрли во корнер во 91 минута.

 

 

Се вчитува...