Игуаин: Леонардо ме убеди да дојдам, веќе зборував и со Гатузо…

Гонзало Игуаин предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите на Милан, откако аргентинскиот ас прифати да си замине од Јувентус и кариерата да ја продолжи во дресот на „росонерите“. Тој синоќа пристигна на аеродромот „Малпенса“, по што го откри и главниот „виновник“ за овој мегатрансфер на Милан.

„Ова е почеток на една нова авантура, сакам да ги поздравам навивачите на Милан, но исто така и тифозите на Јувентус кои секогаш ми даваа толку многу љубов. Леонардо е најзаслужен што дојдов, разговаравме долго и на крајот тој ме убеди од неколкуте понуди да го изберам токму Милан. Зборував и со Гатузо пред да ја донесам одлуката. Доаѓам овде и целта е да дотуркаме што подалеку во сите натпреварувања во кои ќе учествуваме“ – изјави 31-годишниот Игуаин, кој постигна 55 гола во дресот на Јувентус.

Се вчитува...