ИХФ ги бира најдобрите: Хансен е фаворит кај мажите, Лејно кај жените

Светската Ракометна Федерација ИХФ го објави скратниот список од пет финалисти во изборот за најдобар светски ракометар и ракометарка за 2018 година.

Скандинавците доминираат во машка конкуренција, со оглед на фактот дека четири од петмината финалисти доаѓаат од овој дел од Европа. Фаворит за наградата дефинитивно е Микел Хансен, кој ја предводеше Данска до титулата на последниот Мундијал, друштво му прави сонародникот Расмус Лауге, тука е норвешкиот ас Сандер Сагоес од ПСЖ, како и Швеѓанецот Готфридсон. Единствениот финалист кој не доаѓа од Скандинавскиот полуостров е Винсен Жерар, голманот што со Монпелје стигна до титулата во Лигата на шампионите.

Поранешната голманка на Вардар, Амандин Лејно, е една од фаворитките за признанието во женска конкуренција, откако Французинката стана европска шампионка на репрезентативен план, а со Вардар повторно играше финале во ЛШ, но несреќно загуби од својот сегашен клуб, Ѓер.

Покрај Лејно во игра за признанието за најдобра светска ракометарка за 2018 година се уште и Ана Виакхирева од Русија, Стине Офтедал од Норвешка, Кристина Неагу од Романија, како и колешката на Лејно од француската репрезентација, Естел Нзе Минко.

Се вчитува...