ИХФ го одбра идеалниот тим на Светското првенство 2023

Светската ракометна федерација го избра идеалниот тим на Светското првенство 2023 кое се одржа во Полска и Шведска. На него шампионската титула им припадна на Данците кои во големото финале славеа против Франција со резултат 34-29, а токму Данецот Матијас Гидсел е ракометарот кој го одбележа шампионатот.

Нему му припаднаа признанијата за најдобриот стрелец и најкорисниот играч, но тој имаше пофални зборови за целата репрезентација.

„Тоа не ми значи ништо. Кога стојам тука со пехарот, едниствена работа која ми паѓа на памет е дека играм со најдобриот ракометен тим во светот. Ги имам најдобрите играчи покрај себе. Немаше да постигнам толку голови за својот тим без нив, затоа тоа не е важно. Направивме нешто што на никого не му успеало. Имавме притисок, но знаевме за што сме способни. Имаше многу репрезентации кои биле добри, но никогаш не освоиле титула на СП трипати во низа. Навистина треба да бидеме горди“, вели Гидсел.

Во идеалниот тим на Светското првенство има место за уште еден Данец и еден Швеѓанец, но и за двајца Гермнаци, Шпанци и Французи.

Идеален тим на Светското првенство:

Гопман: Андреас Волф (Германија)
Десно крило: Никлас Екберг (Шведска)
Десен бек: Алекс Душебаев (Шпанија)
Среден бек: Недим Ремили (Франција)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Лево крило: Анхел Фернандез (Шпанија)
Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Франција)
Најдобар млад играч: Јури Кнор (Германија)

Се вчитува...