ИХФ признание – Томовски меѓу најдобрите „пеналџии“ на СП во Египет (ВИДЕО)

Светската ракометна федерација (ИХФ) го вметна голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Мартин Томовски меѓу најдобрите „пеналџии“ на изминатото Светско првенство кое се играше во Египет.

Репрезентативниот голман со пет одбранети пенали на шампионатот се најде во друштво со Мароканецот, Јасин Идризи кој сопре неверојатни осум пенали и Кристијан Саверес од Норвешка кој заврши со шест одбранети седмерци.

 

Се вчитува...