Икарди извлече победа за Интер против Спал

Интер оствари очекувана победа (1-2) на гостувањето против Спал и се искачи на третата позиција на табелата во Серија А со 16 освоени бода. Мауро Икарди беше творец на триумфот на „нероаѕурите“. Тој во 14.минута го отвори резултатот, а четири минути подоцна Спал не искористи пенал. Антенучи ја промаши рамката на голот на Хандановиќ.

Во 72.минута, Алберто Палоски успеа да израмни, но само шест минути подоцна Мауро Икарди со втор гол донесе победа за Интер.

Се вчитува...