Икарди: Ова чувство не се опишува…

Мауро Икарди е новиот фудбалски владетел на Милано, откако Аргентинецот постигна хет-трик за Интер во големата градска пресметка со Милан. Тој не го криеше задоволството по извонредниот успех, откако со реализираниот пенал во 89. минута му ја донесе на својот тим големата дерби-победа.

Топката со која го дадов голот ќе ја носам дома и добро ќе ја чувам. Три гола на едно градско дерби, еден од нив за победа – тоа е чувство што не се опишува со зборови. Имав претчувство дека ќе постигнам гол, тоа им го кажав и на соиграчите, но не ни помислував на хет-трик. Победивме квалитетен ривал во извонреден натпревар, мораме да бидеме горди, но и да не славиме премногу бидејќи веќе во следното коло пред нас е мечот против Наполи“ – порача Икарди.

Интер сега има три бода предност во однос на шампионот Јувентус и се наоѓа на втората позиција на табелата, со два бода заостанување зад лидерот Наполи.

Се вчитува...