Илчо Наумоски со победа ја почна тренерската кариера во Македонија: Локомотива со амбиции за враќање во Втора лига

Легендата на македонскиот фудбал, Илчо Наумоски со победа ја стартуваше својата тренерска кариера во Македонија на клупата на третолигашот Локомотива од Карпош.

Поранешниот македонски репрезентативец, по тренерскиот ангажман кој пред една година го имаше во Кина, за првпат се активира во македонскиот фудбал. На почетокот од сезоната го презеде тимот на Локомотива кој е со сериозни амбиции за повторно враќање во Втората лига на Македонија. Новата сезона во третолигашката конкуренција Локомотива ја почна со победа од 2-0 во дерби пресметката против Фортуна.

Стрелци за триумф на Локомотива беа Никола Малов во 12. минута и Димитровски од пенал во 67. минута.

Се вчитува...