Илејн Томпсон ги одбрани титулите на 100 и 200 метри

Јамајканката Илејн Томпсон Хера по титулата на 100 метри стигна до златниот медал и на два пати подолгата делница. Томпсон делницата од 200 метри ја истрча за време од 21.53 секунди што е второ најдобро остварување во историјата во оваа дисциплина.

Сребрениот медал и припадна на Намибијката, Кристин Мбома која постави младински светски рекорд 21.81 секунда. Со бронза се закити Американката Габриеле Томас со 21.87 секунди.

Шели Ен Фрејзер Прајс на крајот заврши само како четврта.

Се вчитува...