Илиески верува дека Пелистер повторно може до позитивен резултат во Струга

Пелистер игра одлично низ пролетниот дел од сезоната полека но сигурно избегнувајќи ги најопасните места на табелата кои носат во понизок ранг.

По триумфот над Силекс на домашен терен, сега нешто помирно се очекува гостувањето во Струга, но дефанзивецот Дарко Илиески вели дека на секој натпревар ќе се игра максимално повторно во трка со бодовите.

„Голема психолошка придобивка е тоа што се вративме од 0-2 и го совладавме Силекс. Покажавме дека сите досегашни резултати не се случајни. И во Струга сега одиме по позитивен резултат. Малку сме порастеретени и се надевам дека ќе се вратиме со позитивен резултат. Стружани имаат одлична екипа, има добри индивидуалци и ретко губи на домашен терен. Во секој случај, ние повторно размислуваме само на позитивен резултат“ – вели Илиески.

На претходните две меѓусебни средби сезонава, во Битола натпреварот заврши без победник (1-1), а во Струга пелистерци славеа со 0-1, со голот на Пејаковиќ во последната минута.

ПРВА ЛИГА – 28. коло (денеска, 13 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС 2-1

Се вчитува...