Илија Најдоски ги избра идеалните 11 на Црвена Звезда и Партизан: Шест Македонци меѓу најдобрите во историјата!

Заврши првиот сегмент од големата анкета на српски „Моцарт спорт“ по повод 80. роденден на Црвена Звезда и Партизан.

Еден од тие што гласаше за свои 11 беше и легендарниот македонски фудбалер Илија Најдоски. Најдоски со 44 одиграни натпревари беше еден од најстандардните играчи во историската сезона за „црвено-белите“ кога ја освоија и Лигата на шампионите. Бескомпромисниот борец беше неверојатно компатибилен со одличната техника и интелигенција на Белодедиќ.

За четири години во Звезда, покрај европските и светските титули, освои и три титули во југословенскиот шампионат и еден Куп. За репрезентацијата на Југославија одигра 11 натпревари…

„Првото нешто што го погледнав беше да најдам место за петте звездини ѕвезди. Без нив не може да се зборува за нешто идеално. Се разбира, има и голем број од оние со кои бев дел од најголемиот клупски успех во историјата на овој регион. А кога зборуваме за најдобриот тренер, тогаш според мое скромно мислење, тоа е господинот Љупко Петровиќ“, изјави Најдоски. 

Во идеалните 11 на Црвена Звезда, сосема очекувано, се Дарко Панчев и Бошко Ѓуровски, а во идеалните 11 на Партизан, Најдоски „смести“ дури четворица Македонци: Кирил Симоновски – Џина, Вујадин Станојковиќ, Милко Ѓуровски и Никица Клинчарски.

 

Се вчитува...