Им дојде крајот во Јувентус: „Старата дама“ се збогува со две легенди

Легендите на Јувентус, Џанлуиџи Буфон и Џорџо Кјелини, дефинитивно си заминуваат од клубот на крајот од сезоната. Торинскиот клуб сè уште им нема понудено продолжување на договорот, а челниците на клубот веќе се убедени дека им е дојден крајот на овие фудбалери.

Според „Sky Italia“, заминувањето на Буфон и Кјелини од редовите на „старата дама“ е речиси сигурно, а клубот во иднина ќе се сврти кон развивање и поддршка на помладите фудбалери. Буфон (43) одигра 681 натпревар за Јуве, додека Кјелини играше 526 натпревари за „Старата дама“.

Овие двајца фудбалери ги освоија скоро сите трофеи во дресот на тимот од Торино, но недостасуваше најважниот, трофејот на Лигата на шампионите. На Кјелини претходно му беше понудена улога во клубот, а ќе видиме дали и Буфон ќе остане дел од тимот.

Се вчитува...