Има и вакви будали – Бен Арфа побара оставка од Дешамп

Дидие Дешамп испишува историја во францускиот фудбал откако ги предводеше „триколорите“ до светската круна, па токму затоа изненадувачки делува последната изјава на Хатем Бен Арфа, кој јавно побара од селекторот да си поднесе оставка од својата функција. Бен Арфа, кој ги преседе последните две сезони на клупата за резерви на ПСЖ, смета дека Дешамп треба тоа да го стори од морални причини, поради здодевниот стил на игра на „триколорите“ на шампионатот на кој стигнаа до титулата.

„Убаво е што беше освоен трофеј, но перцепцијата за францускиот состав на овој мундијал е дека игра слабо и грдо. Не треба многу да се радуваме, бидејќи со ваква игра може и да не се пласираме на следниот европски шампионат. Треба да се гледа подалеку од овој Мундијал и затоа е неопходно Дешамп да си поднесе оставка, да не се крие зад втората ѕвезда на дресот бидејќи со вакви грди изданија иднината не ни е светла. Нашите играчи само стоеја на теренот и повеќе беа гледачи кои чекаа грешка на противниците. Тоа не беше спектакуларно, но донесе резултат“ – изјави Бен Арфа.

Се вчитува...