Има ли Јокиќ очи на грбот – генијална асистенција на Србинот (ВИДЕО)

Никола Јокиќ уште еднаш ја демонстрираше својата кошаркарска генијалност со трипл-дабл во триумфот на Денвер над Њујорк од 113-100. Прегледноста во играта е еден од бројните квалитети на српскиот центар, но тој го крева и овој аспект на сосема друго ниво, доказ е генијалната асистенција од синоќешниот меч.

Еден гостински кошаркар се обиде да го изненади Јокиќ удвојувајќи го од зад грб, но Србинот во вистинско момент го проигра Гордон под кошот за лесна реализација.

Магија каква што му доликува на најдобриот кошаркар во НБА-лигата оваа сезона…

Се вчитува...