Еден од најбараните играчи ова лето на трансфер пазарот е холандскиот репрезентативец Крисенсио Самервил. Крилниот напаѓач е „мета“ на многу клубови, особено што Вест Хем испадна од Премиерлигата, и тој дефинитивно заминува од Лондон.
Рома беше најзаинтересирана за неговите услуги, но имаше интерес и од неколку англиски клубови. Меѓутоа најновите информации се дека саудискиот клуб Ал Хилал ги надмина сите понуди, и веројатно таму ќе ја продолжи кариерата.
Имено, италијанскиот тим му нуди договор до 2031 година со годишна плата од 4,5 милиони евра по сезона, со дополнителни понуди. Меѓутоа во Ал Хилал би заработувал дури 16 милиони евра по сезони, што е доволно примамлива понуда за 24-годишниот фудбалер.
Згора на тоа, Ал Хилал веднаш дава 80 милиони евра за отштета, што е за 20 милиони евра повеќе од она што е подготвена да го понуди тимот на Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
