Има шест месеци да спаси 320 милиони евра, а не ветува ни дека ќе успее да опстане во Премиерлигата

Новиот богат проект во фудбалскиот свет, Њукасл Јунајтед во Еди Хау го доби „спасителот“ на сезоната, но и „спасителот“ на 320 милиони евра, онолку колку што саудиските гази „искешираа“ за купување на англискиот клуб.

На поранешниот предводник на Бурнемут нема да му биде воопшто лесно да избори место во Премиерлигата и следната сезона бидејќи по 11. одиграни натпревари Њукасл има само пет освоени бода, без победа. 43-годишникот за спас ќе има 200 милиони евра за трансфери во зимскиот пероден рок, но и покрај тоа не ветува дека мега-проектот нема да започне од Чемпионшипот.

„Апсолутно сум сигурен дека можеме да се спасиме од испаѓање, но не можам ништо да ветам. Во моментот гледаме краткорочно, да го извлечеме тимот од проблемите, а тек потоа ќе гледаме во иднината. Мојот Бурнемут играше храбро и напаѓачки. Нема да пробувам друго нешто во Њукасл. Верувам дека мојата работа ќе излезе на површина и сакам со стилот на игра да ги воодушевам навивачите. Предизвикот е преголем“, вели Хау.

Англичанецот кој успеа пет години да го задржи Бурнемут во Премиерлигата по заминувањето од клубот во 2020 година работеше индивидуално со Диего Симеоне, Јирген Клоп, Брендон Роџерс и Маурицио Сари.

Се вчитува...