Имаат ли битолските „фармацевти“ лек за Хановер?

Ракометарите на Работник остварија историски успех со пласманот во групната фаза од Купот на ЕХФ, а битолскиот клуб настапот во ова натпреварување ќе го стартува со исклучително тешко гостување во Германија против екипата на Хановер (19.30 часот). Битолчани првиот дел од сезонава го одиграа во извонредна форма, но јасно е дека нивото на игра неопходно за успех против Хановер е друга думензија во однос на македонската Супер-лига.

Проблем повеќе за тренерот Чирковиќ претставува отсуството на Пецаковски и на Мемиќ, додека шанса за деби ќе добијат трите зимски засилувања, Остроушко, Стјепановиќ и Радоњиќ.

„Малку време сме заедно, уште се запознаваме и воигруваме. Стјепановиќ дојде пред некој ден, одржавме само неколку тренинзи заедно. Брзо ни доаѓа натпреварот против Хановер, но мотивирани сме да покажеме дека знаеме да играме на ова највисоко ниво“ – истакна Украинецот Остроушко во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...