Меџик Џонсон (62) важи за еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња во НБА. Можеби многумина ќе речат дека ќе биде запамтен по кошарката, но неговата кариера ќе остане во сеќавање не само по титулите во Лејкерси, туку и по прес-конференцијата која го промени светот.
Поминаа повеќе од 30 години откако Џонсон се појави пред новинарите во Лос Анџелес, им посака добар ден, а потоа зеде длабок здив и со својот говор ја шокираше јавноста.
„Го имам ХИВ вирусот и ќе морам да се повлечам од Лејкерс“, изјави Џонсон.
Во тоа време имаше многу предрасуди за ХИВ вирусот, а легендарниот кошаркар направи многу за да ја дознае болеста што ја носи во своето тело. Сепак, Џонсон не крие дека „живеел холивудски живот“ и спиел со многу жени, во тој момент не се грижел за ништо освен да се забавува, а како што и самиот истакнува – сакал да ги исполни нивните и своите фантазии.
„Да, имав секс во лифт … Жените имаат различни фантазии и сакате да им ги остварите, една вечер бев дури со шест. Имав секс во канцеларија додека луѓето околу вас се во соседната соба. Го знаете тој поглед на жената … Велам не овде – Таа вели овде, и немаше гаќички. Првпат гледам наоколу што се случува наместо во жената со која водам љубов, се препотував. Само гледав да видам дали некој ќе ја отвори вратата … Се забавував, ги реализирав и моите фантазии, но на крајот цената за ваквиот живот скапо ја платив“, искрено изјави поранешниот играч на Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА