Имавов сензационално го нокаутираше Адесања во Ријад (ВИДЕО)

Дагестанецот кој се натпреварува под француско знаме, Насрудин Имавов, приреди вистинска сензација нокаутирајќи го Израел Адесања кој првпат од 2019 година беше во борба во која не е вклучен УФЦ појас.

Имавов беше подобар во текот на целата борба за да во втората рунда пред крајот го погоди противникот со десен аперкат.

Адесања остана отворен, Имамов го искористи тоа и го испрати поранешниот шампион во нокдаун, а по неколку силни удари судијата одлучи да ја прекине борбата.

Се вчитува...