Имобиле ја реши Џенова (ВИДЕО)

Лацио триумфираше на гостувањето кај Џенова со 1-4 во првиот натпревар од денешната понуда во 32. коло во италијанската Серија А.

Херој за „лацијалите“ беше Чиро Имобиле кој постигна хет-трик, а четвртиот погодок за гостите беше дело на Марушиќ кој го отвори резултатот во 31. минута.

Погодокот за домашниот тим беше автогол на Патрик во 68. минута.

 

 

Се вчитува...