Имобиле ја реши Фиорентина, Милан сигурен против Киево

Фановите на Лацио го слават Чиро Имобиле, кој со погодокот во 37.минута донесе триумф (1-0) на својот тим на домашен терен против Фиорентина. „Лацијалите“ стигнаа до петтата победа во Серија А и со 15 бода се наоѓаат на третата позиција.

Милан лесно излезе на крај со Киево. Гонзало Игуаин со два гола во првиот дел го нокаутира противникот, Џампјеро Вентура зголеми на 3-0, а конечниот епилог го постави Пелисие во 63.минута.

Сампдорија славеше на гости против Аталанта со 0-1, со голот на Лоренцо Тонели.

Резултати Италија: Милан – Киево 3-1, Лацио – Фиорентина 1-0, Аталанта – Сампдорија 0-1, Џенова – Парма 1-3.

Се вчитува...