Лацио претрпе уште еден болен калчолигашки пораз, губејќи на гостувањето против Болоња со 2-0. Тренерот на „болоњезите“, Синиша Михајловиќ го зеде скалпот на својот поранешен клуб за втора победа во низа на Болоња и продолжување на успешната серија што сега изнесува пет меча без пораз во елитното италијанско фудбалско друштво.
Чиро Имобиле е трагичарот на Лацио на овој натпревар, откако одличниот голгетер не реализираше пенал при резултат 0-0 по 17 минути игра. Само една минута подоцна „болоњезите“ поведоа со 1-0 преку Мбаје, а вториот погодок го постигна Сансоне во 64. минута од натпреварот.
Римскиот клуб по овој пораз остана на шестото место на табелата со 43 бода, десет помалку од лидерот Интер.
Bologna [1] x 0 Lazio – GOAL! Mbaye ?pic.twitter.com/p2sAPcbMhi
— #FastGoal (@Fastgoal2) February 27, 2021
Bologna [2] × 0 Lazio – GOAL! Sansone ?pic.twitter.com/7fWc2KW9Dz
— #FastGoal (@Fastgoal2) February 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА