Имобиле влезе во историјата на фудбалски Рим: Чиро е најдобар голгетер од постоењето на Лацио

Чиро Имобиле постигна два гола на „Олимпико“, но регуларен беше еден и истиот беше доволен за победа на Лацио и испишување на историја од страна на италијанскиот репрезентативец. Имобиле со златни букви го испиша своето име во историјата на клубот од престолнината, бидејќи од вечерва е најдобар голгетер во Серија А од постоењето на клубот.

Чиро со години ги тресе мрежите на противниците како ударна игла во нападот на Лацио, но од денеска е и играчот со најмногу постигнати голови во италијанската елита (144). Погодокот од пенал донесе историја и Имобиле го мина легендарниот Силвио Пиола, но беше и клучен за минималната победа остварена над Венеција на домашен терен.

Со новите три бода, Лацио го мина градскиот ривал Рома, па сега е на петтото место на табелата со 49 поени.

 

 

 

Се вчитува...