ИН МЕМОРИАМ: Почина Бранислав Белевски – Будла, легендарниот физиотерапевт на Вардар

Почина една од најпрепознатливите личности поврзани со најтрофејниот македонски клуб, Вардар, легендарниот физиотерапевт Бранислав Белевски – Будла.

Будла беше омилениот меѓу бројни генерации фудбалери на Вардар, долги години во клубот доживувајќи ги сите негови најславни но и најтажни денови.

Беше дел од ФК Вардар и во најславната негова златна генерација на крајот од осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на минатиот век.

Се вчитува...