Ин Мемориам: Почина Душан Дуда Ивковиќ

Европската кошарка денеска е завиена во црно откако од Србија пристина информацијата за смртта на Душан Дуда Ивковиќ. Прославениот српски стратег починал рано утрово во болница во Белград, по што од него преку социјалните мрежи се простуваат бројни кошаркарски легенди.

„За жал, останавме без Дуда Ивковиќ. Тој почина во 6:50 часот наутро во болницата во Белград како последица од вода во белите дробови, изјави кратко Горан Калиниќ, првиот човек на Раднички, матичниот клуб на Душан Ивковиќ.

Душан Ивковиќ беше роден на 29 октомври 1943 година и важи за еден од најуспешните европски и светски тренери. Тој ја водеше Југославија на три европки првенства и освои три златни медали, во Загреб 1989, во Рим 1991 и во Атина во 1995 година. Како клупски тренер ги водеше Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес.

Тој освои две титули во Евролигата, од кои една со тимот на Олимпијакос, додека за овој тим настапуваше Перо Антиќ.

Се вчитува...