Денеска во Скопје, на 81-годишна возраст почина еден од основоположниците на модерниот македонски ракомет Лефтер Бошковски.
Бошковски е една од најголемите личности во историјата на македонскиот ракомет, професор и поранешен селектор на македонската репрезентација. Ракометните чекори и образование го стекна во Романија, за потоа професионално да продолжи во Македонија. Во својата тренерска кариера беше селектор на женскиот сениорски национален тим, тренер на РК Вардар, Работнички и Кометал ЃП.
Низ последните години од професионалната кариера го основаше женскиот ракометен клуб Олимпик, кој беше расадник на млади македонски таленти. Работеше и во младинските академии на Академија Алушовски, КЛ7, Голден Арт.
Во неговата богата тренерска кариера засекогаш ќе остане запаметен и трофејот со Вардар на првото издание на меѓународниот струшки турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА