Македонскиот ракомет денеска е посиромашен за еден поранешен репрезентативец откако Тони Шопов ја загуби најважната битка.
Шопов, кој важи за една од легендите на велешкиот ракомет, се соочи со огромни здравствени проблеми откако пред неколку години му беше дијагностициран канцер.
Во 2020 година беше покрената и хуманитарна акција за да се соберат 20.000 евра за лекување на екс-репрезентативецот на Македонија, тој привремено ја доби битката, за денеска да ја загуби борбата со тешката болест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА