Инаки и Нико Вилијамс за финале на Билбао во Купот на кралот! (ВИДЕО)

Атлетик Билбао ќе игра финале против Мајорка во шпанскиот Куп, откако на реванш дуелот од полуфиналето пред своите навивачи го демолираше Атлетико Мадрид победувајќи со 3-0.

Па, со вкупен резултат од 4-0, Атлетик Билбао сосема заслужено ќе игра финале против Мајорка на 6. април.

Билбао до победата дојде на крилјата на Инаки и Нико Вилијамс. Водство од 1-0 донесе Инаки во 13. минута на асистенција на Нико, а во 42. минута веќе 2-0 донесе Нико, а на асистенција на Инаки Вилијамс.

Во второто полувреме, Гурузета стрелаше во 61. минута за конечни 3-0.

Се вчитува...